Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонски државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата за комерцијален лет за евакуација на македонски државјани од Абу Даби, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

Реклама

– Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претходно МНР НТ информираше дека од почетокот на конфликтот до денеска вкупно 473 македонски државјани стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. – Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, а 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништо во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин – соопшти МНРиНТ.