Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Македонската метропола и изутрината во топ 10 најзагадени градови во светот

Македонската метропола никако да се тргне од листата на најзагадени градови во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската метропола никако да се тргне од листата на најзагадени градови во светот. Скопјани и денеска се разбудија во густа магла и смрдеа. Граѓаните се трујат со отровен воздух, а градските власти велат дека се ширел популизам. Според платформата „АЈ-кју-ер“, Скопје и утрово се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, а во регионот пред нашиот главен град единствено е само Сараево. Граѓаните реагираат и бараат поголема сериозност од градските власти, за кои велат, дека ништо не работат.

  • Oва е катастрофа. Никој ништо не работи. Градот спие, ние се трујеме, еве гледате, маска носам, али бадијата е, но мора да се излезе и да завршиме некоја работа, реагираат граѓаните пред нашата камера.

Екологистите по кој знае кој пат алармираат дека Град Скопје мора да направи сериозни чекори, и еднаш за секогаш да стави крај на овој долгогодишен проблем за сите.

  • „Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа. Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над Усјево периоди на високо аерозагадување. Но, тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје“, тврдат од ЗХГ.

Зелен хуман град обвинува дека индустријата загадува со помош на институциите, иако речиси никој не се придржува целосно кон прописите за заштита на животната средина, со што се предизвикува енормно загадување.

Реклама

Освен Скопје, на 15-то место се наоѓа и Приштина, а потоа следуваат Белград и Загреб, на 32-то односно 33-то место од табелата.

Од Градот реагираа дека се што се пласира во јавноста ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите за загадувањето биле нарачка од „политички кујни“. Со цел да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, Данела Арсовска се повика на интернет страницата „Даблју Еј-кју-ај“, но за жал и таму стои дека воздухот во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното.

Борис Грујоски