Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Македонската берза дел од кампањата на глобалната иницијатива „Да заѕвониме за родова еднаквост“

Македонската берза и оваа година се приклучи кон иницијативата „Да заѕвониме за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската берза и оваа година се приклучи кон иницијативата „Да заѕвониме за родова еднаквост“ (Ring the bell for gender equality). Мотото за 2026 година е „Права. Правда. Акција, за сите жени и девојки“ (Rights. Justice. Action for all women and girls), со што по повод Меѓународниот ден на жената се повикува на забрзана акција за отстранување на структурните бариери за родова еднаквост. Иницијативата што е поддржана од над 110 други берзи има за цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во приватниот сектор, прашањата поврзани со економијата, финансиите и одржливиот развој. По овој повод, денеска, ѕвоното на Македонска берза заеднички го заѕвонија министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, соопштија попладнево од Секторот за развој, промоција и односи со јавност.

– Денеска во Македонската берза се приклучив на одбележувањето на глобалната иницијатива „Ring the bell for gender equality“, посветена на поддршката за родова еднаквост и поголемо учество на жените во бизнисот и лидерските позиции. Оваа иницијатива е порака до сите кои имаат идеја, без разлика на полот, да работат на нејзината реализација. Финансиските средства не препознаваат пол, туку препознаваат идеја, иновативност и креативност, а Берзата е само една одлична алтернатива за реализација. Сакам да поттикнам на работа на своите идеи, а особено жените да ја покажат својата храброст, онака како што ја покажуваат во сите останати општествени процеси, тоа е вистинската енергија што го движи светот напред. Статистиките покажуваат дека мнозинството од вработените во финансискиот сектор се жени, ова е уште еден доказ дека жените се оние кои умно, посветено и со огромна волја сериозно придонесуваат во финансискиот сектор, изјавила Димитриеска – Кочоска.

Според Штериев, годинешното мото на оваа глобална иницијатива е силна порака што треба сите да нѐ потсети дека вистинскиот напредок кон родова еднаквост подразбира не само декларативна поддршка, туку и конкретни чекори за обезбедување еднакви можности и правична застапеност на жените во сите сфери на општеството, вклучително и во корпоративниот сектор.

Реклама

– Како институција што ја поврзува бизнис-заедницата со пошироката јавност и инвеститорите, Македонска берза подолг временски период наназад е активна во промовирањето на современи стандарди на корпоративно управување, транспарентност и инклузивност. Токму затоа редовно сме дел од оваа прогресивна глобална иницијатива, со цврсто уверување дека поголемата вклученост на жените во управувачките структури на компаниите е важен предуслов за поодржлив економски развој и подинамичен деловен екосистем, додал Штериев.

Во соопштението се додава дека ова е 12. кампања на глобалната иницијатива „Да заѕвониме за родова рамноправност“ што е партнерство помеѓу Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Светската федерација на берзи (WFE), Иницијативата за одржливи берзи (SSE), во која Македонската берза е учесник, Глобалниот договор на ОН, UN Women и Women in ETFs, за промовирање на родовата еднаквост на пазарите на капитал.

– Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамнопраност, Берзата и оваа година објавува ажурирана анализа за состојбите со половата структура на составите на органите на управување кај котираните акционерски друштва, се додава во соопштението.