Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ереван, Ерменија, водечки центар за едукација на млади во дигитални и креативни области.

Како што информира Министерството за образование и наука, ТУМО нуди иновативен образовен модел – бесплатен пристап за млади од 12 до 18 години до знаења и вештини во програмирање, анимација, развој на игри, веб-дизајн и други современи области, преку комбинација на самостојно учење, практична работа и менторство од експерти.

-Посетата овозможи директен увид во современи образовни методологии, воспоставување јавно-приватни партнерства и начини на мерење на влијанието врз развојот на младите. Овие искуства се од особено значење за унапредување на институционалните капацитети и подобра координација во развојот на слични иницијативи и кај нас, се наведува во објавата на МОН.

Реклама

Надвор од Ерменија, ТУМО има центри во повеќе европски, азиски и во јужноамерикански градови. При посетата се дискутирало и за можноста за основање ваков центар и во Скопје.