Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Македонија останува во топ 10 најзагадени земји во светот

Македонија и оваа зима ќе се најде меѓу првите 10 најзагадени земји…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и оваа зима ќе се најде меѓу првите 10 најзагадени земји во светот, а граѓаните не само во метрополата туку и во останатите градови од внатрешноста наместо воздух ќе дишат, критикуваат експертите. Секоја влада во својата програма високо на  агендата го поставува квалитетот на амбиенталниот воздух нема конзистеност во спроведувањето на самите политики, се’ се сведува на гол популизам. Во извештајот на Европската агенција за животна средна за 2021стои дека 5.600 Македонци биле жртви на загадениот воздух и дека нашата држава е на врвот по смртност од аерозагадување.Македонија и годинава ќе руши рекорди по загаденост на воздухот.

  • ”Па индициите се такви затоа што не гледаме некои конкретни промени во општиот амбиент во државата од една страна. Oд друга страна се’ зависи од климатските услови ,доколку  имаме ветар во текот на зимата политичарите ќе се радуваат и ќе покажуваат добри рзултати, доколку се сменат криматските услови ќе бараат изговори за таквите постапки”-вели Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија “Флорозон.

Македонија важи за енергетски сиромашна земја што значи дека енергетската сиромашност на населението не дозволува соодветен начин на користење  на ресурсите за загревање на домови. Енергетската сиромаштија вели Ристовски, условува користење на недозволени горива како што се различни видови опасни отпадни матерјали и моторни масла. Она што дражавата го спроведува субвенционирајќи на грејни тела е недоволно.

  • „Јас како жител на оваа држава би сакала кога би можела како жител на Македонија да си го користам своето уставно загарантирано право на здрава животна средина.Мене уставот ми гарантора да имам здрава животна средина и би сакала кога ќе излезам во Скопје во зима надвор од мојот дом, да имам воздух кој што ќе биде соодветен за дишење и нема да предизвикува негативни ефекти. Меѓутоа тука проблемот е повеќеслоен, почнувајќи од градежната оператива,од возилата од распореденоста на нивите објекти кои што се градат”-вели Марина Малиш Саздовска ,професор на Факултет за безбедност.

И Охрид кој е воздушна бања со години посебно во зима се соочува со висок степен на загаденост што се должи на прекумерната урбанизација и сите емисии на издувни гасови и од сообраќајот и од домаќинствата остануваат заробен во коридорот покрај крајбрежниот појас. Државата треба да размислува за поинакви начини на субвенционирање на грејните тела,воведување на нови алтернативни начини на загревање на домовите и почитување на законот за урбано зеленило.

Реклама

Росица Голабоска