Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Македонија и Македонците не се случајно: Имаме Влада која што е партиотски насочена и ги брани националните интереси

Македонија и Македонците не се случајни, не менува ништо дали извештајот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Македонците не се случајни, не менува ништо дали извештајот во Европскиот Парламент ќе се усвои оваа или некоја следна недела. Она што е најважно е дека од вистината не се бега, само прашање на време е кога ќе излезе, а полека излегува во европските институции, порача во гостување на Алфа вицепремиот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него ова се историски работи кои остануваат непроменети.

-Извештајот е коректен би рекол, нема во извештајот ништо што е надвор од вистината или ништо што не соодветствува на реалноста, само го потврдува она што сите го знаеме. Македонија и Македонците не се случајни, не се случајно тука, не се вештачки создадени, не се насадени на Балканот, туку имаат долга, многувековна традиција, која што на сите ни е позната, одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и како секоја друга вистина и оваа излезе, изјави Николоски.

Само бугарските европратеници се незадоволни од извештајот со кој во Европскиот Парламент ќе се зацементира македонскиот јазик и идентитет и преку амдандмани бараат да стои сегашен јазик и идентитет, што е неприфатливо за македонската Влада. Според Николоски добро е што е променета политиката на надворешен план. Вели тоа голем историски исчекор, нашта поизиција станува афирмирана и призната, иако пред државата е голем и долг пат. Вели годините на претходната Влада, биле години на национално понижување, кои не смеат да се повторат.

Реклама

-Тие години треба да се потсетник и предупредување да не ни се случат истите работи во годините кои што доаѓаат пред нас, односно да не ни се повторат такви анационални ликови кои што би воделе држава и кои што би имале клучни државни позиции. За среќа тие години сега се позади нас и има Влада која што е патриотски насочена и која што ги брани националните интереси, изјави Николоски.

Инаку, Бугарија повторно го злоупотреби фактот дека е земја члена на ЕУ, па успеа да издејствува одложување на расправата во Европскиот Парламент за извештајот на Македонија за 24 јуни. Главниот известувач за државава Томас Вајц и покрај тоа што кажа дека цврсто стои зад она што го подготвил им даде 20 дена на Бугарите да ги кажат своите забелешки. Тој ги демантираше и обвинувањата  бугарска страна дека бил пристрасен и подмитен од Македонија.

-Сите сведочевте дека имаше бројни интензивни политички дебати за овој извештај, јас морам да кажам дека апсолутно зад мојот извештај. Сите пратенички групи беа ангажарина во врска со преговорите, сите групи учествуваа во формирање на овој компромис, ова е извештај на Европскиот Парламент и Европската Унија, изјави Вајц.

Вајц и претхдоно порача дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава.

Вавкиот документ е доказ дека во Европската Унија веќе има различни гледишта и дека се прифаќаат македонските агрументи, дека тоа што го бара Бугарија е неосновано и непримерно. Тоа се должи на дипломатската офанзива на македонската Влада која од доаѓањето на власт јасно ги пренесува цврстите позиции дека државата не може и не смее да поткелкне под бугарските уцени.

Матеја Петровски