Реклама
Македонија

Македонија да го отвори првиот кластер без дополнителни услови – американскиот Сенат предложи резолуција 

Поддршката за Македонија од САД, на патот кон ЕУ преточена во Резолуција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршката за Македонија од САД, на патот кон ЕУ преточена во Резолуција. Во документот на американскиот Сенат стои дека Македонија има поддршка од САД, да ги исполни реформите кои се неопходни за продолжување на евроинтеграциите. Исто така, Сенатот бара, претседателот и државниот секретар на САД да продолжат тесно да соработуваат со македонската влада и да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан. Пораката вклучително е и до европските сојузници, кои според САД, треба да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер, без дополнителни услови.

Поддршка на Сенатот за македонската влада да ги преземе реформите неопходни за унапредување на членството во ЕУ. Сенатот ја охрабрува Владата на Македонија да продолжи со својата важна работа за членство во Европската Унијата, како и напорите за продолжување на мирот, стабилноста и просперитет во Источна Европа – стои во Резолуцијата.

Македонија е првата држава од Западен Балкан што потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ и стана официјална кандидатка за ЕУ во 2005 година, како и прва држава од Западен Балкан што почна стратешки дијалог со САД во јуни 2022 година. Во резолуцијата се вели и дека Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, ја поддржува Украина и гласа во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувајќи ги сите руски санкции од Европската Унија.

Реклама

За власта, резолуцијата значи охрабрување да се продолжи по патот на ЕУ. Според шефот на дипломатијата Бујар Османи, особено е важно што  резолуцијата е поддржана од двете страни, и републиканците и демократите се едногласни дека треба да се забрза процесот на интегрирање.

Декларацијата е спонзорирана од демократскиските сенатори Питер Велч и  Џин Шахин и републиканските сенатори Пит Рикетс и Том Тилис.

Двајцата демократски сенатори беа во посета на Македонија пред неколку месеци, а на средбите со државниот врв истакнаа поддршка за евроинтерациите на Западен Балкан и посветеноста на безбедноста во регионот.