Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Македонија под снег – надлежните на терен, патиштата проодни

Македонија утрово се разбуди под снежна покривка. Снегот на одредени места во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија утрово се разбуди под снежна покривка. Снегот на одредени места во државата и во главниот град, предизвика  застои и проблеми во сообраќајот, но по брзата интервенција на надлежните состојбата се стабилизира. Улиците и автопатите низ државата се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Забраните кои беа воведени за тешки товарни возила веќе се тргнати, а сите екипи интензивно работат на терен со цел побрзо чистење на снегот и фрлање сол на патиштата.

„Состојбата во моментов низ целата територија на Македонија е стабилна, се движи по влажни коловози. Оние забрани кои што беа превентивно ставени за тешки товарни возила, обично беа тѕие на превоите, веќе се отклонети. Целата механизација, сетоа она што Македонија пат го има на располагање, сите екипи се излезени на терен и се делува за расчистување на коловозите. Сите патишта се посолени и опесочени, моментално состојбата е стабилна“, изјави Александар Шукоски, заменик директор на ЈП патишта на Македонија.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да возат внимателно и да ги почитуваат препораките од надлежните поради отежнатите услови на патиштата што ги предизвика снегот.

Реклама

„Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници“, велат од ЦУК.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека се работи на одржување на проодноста на улиците.

„Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.

Од УХМР најавуваат повремени врнежи на снег во текот на денот, а за утре дожд и покачување на температурите. Предупредуваат дека постои опасност од голомразица.

Надлежните препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.