Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Македонија напредува во инфраструктурата, но предизвиците за уставните измени и правосудството остануваат

Mакедонија бележи напредок во реализација на траневропската транспортна мрежа и коридорите 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mакедонија бележи напредок во реализација на траневропската транспортна мрежа и коридорите 8 и 10. Пофалба во делот на инфраструктурното поврзување со еу, и повторување на одамна познатите забелешки за уставните измени, состојбите во правосудството и борбата против корупцијата. известувач за македонија и европратеникот Toмас Вајц во европскиот парламент пред комитетот за надворешни работи го презентираше годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјата.

Според него, унапредувањето на владеењето на правото не е важно само за напредок кон членство во европска унија, туку и за зајакнување на демократските институции и враќање на довербата кај граѓаните.

Вајц нагласува дека е неопходно е надминување на застојот околу уставните измени, додавајќи дека во услови на длабоки геополитички промени, европа мора да остане обединета. тој посочува дека за ова прашање нема напредок поради загриженоста на македонските власти од дополнителни блокади од софија, со оглед на тоа што македонија неколкупати досега беше условувана на патот кон еу. Вајц смета дека е потребно и итно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине овој ќор-сокак.

Реклама

„Кога станува збор за владеењето на правото на масата има уште многу што да се направи. за жал, прогресот кој што го видовме минатата година не беше толку значителен, можеби поради тоа што имаше уште една изборна година. Многу позитивно е да се спомене дека нема избори следната година, барем така беше соопштено од владата. за уставните измени., многу е јасно дека правата на малцинствата и нивното самоопределување се дел од преговарачката рамка и заклучоците, и има потреба да се спроведат“, вели Томас вајц, европратеник и известувач за македонија.

Вајц наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата е сите политички актери, особено владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време европската унија и нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски.

Останува да се види дали во следниот извештај ќе влезе и скандалот со артан груби и неговото задржување во домашен притвор, чекор кој дополнително ја урниса довербата во судско – обвинителскиот систем.
Инаку власта подолго време најавува сериозни реформи во овој сектор кои би требало да го исчистат од политички влијанија и политички инсталации и да ја вратат довербата.

Нацрт-извештајот ќе ги помине сите филтри во европскиот парламент пред гласањето во мај, а конечната верзија ќе биде позната по усвојувањето на пленарна седница. ова е втор извештај на Вајц за Македонија, со кој се оценува напредокот на земјата во процесот на пристапување кон ЕУ.

https://youtu.be/piCVvy4xY8g