Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Македонија со убедливо најниска цена на горивата, не се планира ново намалување на ДДВ-то за дизелот

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивото во регионот, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  

На новинарско прашање Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. 

– Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние се гордееме што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика што ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел-горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивата во регионот – изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на панихидата во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Реклама

Тој информира дека сè уште траат проверките од страна на пазарните инспектори по сомнежите дека нафтени компании вршеле реекспорт на горива споделувајќи дека станува збор за најмалку една компанија. 

Проверките, посочи, се прават врз основа на информации што ги добивме од страна на лица во тој бизнис. – Наше е да ја провериме секоја информација што ја добиме. Во зависност од проверките, така и ќе реагираме. Проверките сè уште течат – рече Мицкоски.