Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Македонија под снег – надлежните на терен, патиштата проодни

Македонија утрово се разбуди под снежна покривка. Снегот на одредени места во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија утрово се разбуди под снежна покривка. Снегот на одредени места во државата и во главниот град, предизвика  застои и проблеми во сообраќајот, но по брзата интервенција на надлежните состојбата се стабилизира. Улиците и автопатите низ државата се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Забраните кои беа воведени за тешки товарни возила веќе се тргнати, а сите екипи интензивно работат на терен со цел побрзо чистење на снегот и фрлање сол на патиштата.

„Состојбата во моментов низ целата територија на Македонија е стабилна, се движи по влажни коловози. Оние забрани кои што беа превентивно ставени за тешки товарни возила, обично беа тѕие на превоите, веќе се отклонети. Целата механизација, сетоа она што Македонија пат го има на располагање, сите екипи се излезени на терен и се делува за расчистување на коловозите. Сите патишта се посолени и опесочени, моментално состојбата е стабилна“, изјави Александар Шукоски, заменик директор на ЈП патишта на Македонија.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да возат внимателно и да ги почитуваат препораките од надлежните поради отежнатите услови на патиштата што ги предизвика снегот.

Реклама

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници“, велат од ЦУК.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека се работи на одржување на проодноста на улиците.

Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.

Од УХМР најавуваат повремени врнежи на снег во текот на денот, а за утре дожд и покачување на температурите. Предупредуваат дека постои опасност од голомразица.

Надлежните препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема, внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.