Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што посочуваат, станува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

По повод изборот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во видео обраќање нагласува дека ова е уште една потврда за кредибилитетот и активната улога на државата во мултилатералната дипломатија.

Реклама

-Ова е успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба и на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но носи конкретни резултати. Ова е дипломатски успех кој не се мери само со изборот, туку и со довербата што стои зад него – истакна Муцунски.

Тој посочува дека изборот во ЕКОСОК претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на присуството на државата во мултилатералните процеси, по членството во Советот за човекови права на Обединетите нации и Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Членството во ЕКОСОК, како што се наведува во соопштението, ќе овозможи поактивно учество на државата во глобалните дебати и процеси поврзани со економскиот и социјалниот развој, одржливиот развој, хуманитарните прашања и човековите права, како и дополнително зајакнување на нејзината меѓународна видливост и кредибилитет.

Економскиот и социјалниот совет е еден од шесте главни органи на Обединетите нации и има централна улога во координацијата на економските, социјалните и развојните политики во рамките на системот на ОН.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: