Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Македонија чекор поблиску до роаминг без дополнителни трошоци со ЕУ

Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската унија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската унија. Граѓаните наскоро ќе можат да разговараат, да испраќаат пораки и да користат интернет во европските земји без високи сметки, односно по домашни тарифи. Од Министерството за дигитална трансформација велат дека Македонија забрзано ги исполнува сите услови за приклучување кон европскиот роаминг-систем и дека државата е меѓу најподготвените во регионот.

Клучниот момент се очекува на почетокот на јуни, кога на самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тиват, шефицата на Европската комисија ќе ги соопшти деталите за стартот на преговорите.

Министерот Стефан Андоновски уверува дека Македонија веќе ги исполнила потребните критериуми и дека ќе биде во првата група земји што ќе го потпишат договорот со европските институции.Доколку процесот се одвива според најавите, граѓаните наскоро ќе можат слободно да пребаруваат на интернет, да разговараат и да испраќаат пораки низ Европа без страв од прескапи сметки.

Реклама

Има најава за почеток на преговорите, што е позитивен сигнал. Преговорите ќе се однесуваат на секоја земја поединечно и промената е што ќе се потпише специјален договор слично на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија со секоја од државите кандидати. Позитивно е што ние ги исполнуваме условите со донесувањето на Законот за електронските комуникации и со тоа сме, да речеме, во групата што прва ќе почне преговори – изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Покрај Македонија, преговорите за укинување на роаминг ги продолжуваат и Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Украина.

Во време кога Македонија е чекор поблиску до укинување на скапиот роаминг со Европската Унија, влезот на трет мобилен оператор отвора и нова трка кој ќе понуди пониски цени, побрз интернет и подобри услови за граѓаните во земјава.

Унгарскиот „Фор-ај-џи“ кој влезе на македонскиот телекомуникациски пазар на почетокот на годината, преку „Оне Македонија телекомуникации“ најавува, поевтини услуги и силна конкуренција за постојните оператори. Новиот оператор прво ќе стартува во Скопје, а потоа постепено ќе ја шири 5Г мрежата низ целата држава.