Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Македонија ќе го добие првиот факултет за медицински сестри

На Универзитетот во Битола ќе се отвори првиот факултет за медицински сестри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот во Битола ќе се отвори првиот факултет за медицински сестри во Македонија. Законот е веќе подготвен и се очекува во најкраток рок да влезе во собраниска процедура. Министерката Јаневска вели дека проектот се реализира во соработка со словенечката влада, а со новиот закон за високо образование се отвора можноста за оние кои доаѓаат од стручните училишта да завршат студии од втор и трет циклус.

„Во новиот закон за високо образование она што досега го немаше е дозвола или овозможување на студентите од стручните школи да преминат во втор и трет циклус, а во Собранието пратениците заеднички со Министерството за образование и наука подготвија закон за отворање на првата висока, всушност Факултет за медицински сестри“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

И во Словенија, како и кај нас, проблем е недостатокот на медицински сестри во здравствениот систем, па затоа развиле четири типа на специјализации.

Реклама

„Воведовме четири специјализации за примарна здравствена заштита, итна медицина, третман на рани и ментално здравје. Тоа се четири потребни специјализации кои ќе траат две години и 70 % е клиничка, а 30 % е теоретски знаења. Тие нема само да преземаат знаења од докторите, туку и ќе им олеснат во работата. Тој да го работи тоа за што е образован, а другите работи кои можат да ги работат и оние кои не се лекари да ги преземат специјализираните сестри“, изјави Денис Кордеж, Државниот секретар во Министерството за здравство на Словенија.

Неопходни се системски реформи во оваа професија, апелираат од Здружението на медицински сестри. Бешлиовска бара да добијат можност за академска кариера и да бидат носители на наставата во областа на здравствената нега.

„Во оваа ситуација сега и до овој момент здравствените неги и сето она што образовните програми во тој дел ни го предаваат докторите. Парадоксот е кога истите тие кога ќе се вратите во болниците не ви го признаваат образованието“, изјави Гордана Бешлиовска – Здружение на медицински сестри.

Во земјава се потребни речиси двојно повеќе медицински сестри отколку што има во моментов. Во моментов има 9 200, а треба да има околу 15 000 сестри, според бројот на населението.