Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонците се растуриле од пазарување онлајн во првите три месеци од годината, потрошени се 213,3 милиони евра

Македонците се растуриле од пазарување онлајн во првите три месеци од годината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонците се растуриле од пазарување онлајн во првите три месеци од годината. Според податоците на Народната банка, во овој период годинава, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство изнесува 213,3 милиони евра, што е пораст од 25,4% во однос на истиот период лани.

При тоа, кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 133,2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, што претставува пораст од 21,7% во однос на истиот период минатата година. Само од македонски иматели на платежни картички кон домашните е-трговци направени се трансакции со вредност од 121,2 милиони евра, односно 20,2% повеќе од лани, додека странците кон македонските е-трговци направиле трансакции во вредност од 12,1 милиони евра, кое сепак претставува пораст од 40,3 проценти.

Од друга страна, Македонците во странство направиле онлајн трансакции од 80,1 милиони евра, што претставува пораст од 32% во однос на минатата година.

Реклама