Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола со новогодишни подароци за децата во Општина Пустец

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со „Ротари клуб“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со „Ротари клуб“ од Битола, и годинава донесе новогодишна радост и насмевки на лицата на најмладите жители во Општина Пустец.

Советникот во Советот на Општина Пустец, од редовите на МАЕИ, Јордан Јанкула, денеска им подели новогодишни подароци на децата од градинките и на учениците од деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, во кое настава следат учениците од четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец.

-Подароците за најмалите се обезбедени во рамки на успешната и континуирана соработка помеѓу МАЕИ и „Ротари клуб“ од Битола, со заедничка цел, поддршка на децата и создавање подобри услови за нивен развој и радосно детство, изјави Јанкула.

Реклама

Најголемата награда за нас, додаде тој, се радоста и насмевките на децата.

– Нивната искрена радост ни е потврда дека ваквите хуманитарни активности имаат вистинска вредност и значење, посочи Јордан Јанкула.