Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МАЕИ бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти

Единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денеска поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство.

Со тужбата, која ја достави претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се бара „изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население“.

МАЕИ оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски, што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства.

Реклама

-Ќе продолжиме со правна и институционална борба сè додека не се заштитат правата и достоинството на македонската заедница, рече за МИА, Стерјовски.

Против изградба на прифатни центри за мигранти претходно остро реагираа МАЕИ, МД „Илинден“-Тирана, а денеска и здружението „ВМРО ДПМНЕ – Албанија“.