Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

М-таговите отсега достапни преку А1 Македонија и Македонски телеком по цена од 49 денари месечно

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјата – „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. 

Со регистрација на веб страницата на мобилниот оператор, корисникот ќе може да одбере дали М-тагот да биде врзан со неговата кредитна или дебитна картичка и со секое поминување на патарина ќе биде наплатена сумата или доколку сака ќе има опција наплатата за проаѓање на патарина да биде на нивната телекомуникациска сметка. 

Мобилните оператори најавуваат промоции за своите корисници, а од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат дека на ваков начин М-таговите ќе станат подостапни за граѓаните.

Реклама

–  Досега, М -таговите можеше да се купат во ЈПДП или на наплатата станица Петровец. На овој начин, ќе ги доближиме до граѓаните и ќе бидат понудени на коринициите на двата најголеми мобилни оператори. Ако ја гледаме сегашната состојба, ние многу заостануваме во однос на нашите соседи во смисла на тоа дека имаме многу мал број на М- тагови, а многу плаќање во кеш. Проблемот се мултиплицира затоа што на патарините каде има М-таг поминуваат и со М-кард и доколку нема пари на картичката, се прави застој. Сето тоа го смалува протокот на возила на наплатните станици. Целта е да се зголеми протокот на возила на патарините а еден од главните начини е да имаме што поголема достапност на М- таговите. Тргнувајки од тој апсект, имавме јавен повик на кој се пријавија Македонски телеком и А1 Македонија кои имаат широка продажна мрежа низ Македонија и преку нивната мрежа ќе овозможат М-таговите да биде што подостапни, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. 

Трајановски вели дека наплатата со М-тагови е зголемена и сега изнесува некаде околу 36 проценти за разлика од претходно, но оти на овој начин М-таговите ќе бидат подостапни и протокот на патарините ќе биде полесен.

Покрај ова, Трајановски вели дека се размислува и за воведување на моделот на наплата на патарините како во Србија односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

– Промена на цената на патарината нема да има. Идејата е наплатата да биде на последната наплатна станица. На сите излези во меѓупросторот ќе има наплата. Проблемот кај нас е што има многу излези, но ќе го надминеме тоа, рече Трајановски.