Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, информираат денеска од М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ уште еднаш потврдуваат дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид била нефункционална, во ниту еден момент безбедноста на воздушниот сообраќај не била доведена во опасност.

Единствено бил намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.

Реклама

-Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје ве уверува дека информациите кои беа споделени со јавноста од страна на некомпетентни лица, се комплетно неточни и беа искористени со цел да се претстави погрешна слика за работењето на Друштвото, за купување политички поени или нанесување на политичка штета во пресрет на изборната кампања. Ние како професионалци се оградуваме од ваквиот начин на информирање на јавност која пред се влева неоснован страв кај граѓаните, нанесува штета на државата  и дополнително негативно влијае врз довербата која ја имаат граѓаните кон институциите, се вели во денешното соопштение од  М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ се заблагодаруваат на, како што велат, безрезервната поддршка што ја добиле од Владата, а особено вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.