Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

Љупчо Палевски – Палчо си бара адвокати, Менкиновски не е заинтересиран да го брани, Страшевски не коментира шпекулации

Љупчо Палевски – Палчо сака да ангажира тим од најмалку тројца адвокати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Палевски – Палчо сака да ангажира тим од најмалку тројца адвокати како негова одбрана во судскиот процес кој му следува како првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Палчо до Кривичен испратил барање за да го застапуваат тројца адвокати, а кои судот ќе ги препрати до бранителите кои ги бара.

  • Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката“ велат од Кривичниот суд.

Се шпекулира дека тоа се адвокатите Тони Менкиновски, Јовица Страшевски и Славко Секулов. Менкиновски тврди дека до него нема стигнато такво барање.

  • „До мене не е стигнато такво барање. И да стигне, не сум заинтересиран. Службено сум отсутен“ рече Менкиновски во кратката изјава за Алфа.

Јовица Страшевски е вториот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба.

Реклама
  • „Официјално барање не сум добил и не би коментирал шпекулации“, вели Страшевски за Алфа.  

Правото на одбрана е законски загарантирано, за сите, па и за Палевски. Тој веќе реши сам да побара адвокатски тим, доколку не го направеше тоа или доколку правниците кои тој ги бара не прифатат да го застапуваат, ќе добие адвокат по службена должност.

Таков адвокат беше Алмир Алиспахиќ кој го застапуваше во судот додека Палчо беше во бегство во притвор во Турција, односно на 4-ти декември кога Кривичен му одреди 30-дневен притвор во отсуство.

Според законските процедури тој наскоро треба да биде изведен пред обвинител во скопското обвинтелство и да ја каже својата врзија за двојното убиство. Кога ќе се случи тоа, обвинителите не откриваат, а од судот велат наскоро ќе има наредба од судија на претходна постапка за негово спроведување во однос на неговиот притвор.

Палчо веќе втор ден е сместен во посебна ќелија во притворското одделение во Шутка и нема контакт со останатите притвореници поради безбедносни причини.

Се однесувал ладнокрвно, не се жалел на никој и за ништо, а со себе ги носел работите кои што ги имал при бегството. Дури и храната која ја јаде поминува посебни протоколи.