Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Мицкоски: Лоша вест за „глодарите“ кои се противат на успехот на Македонија, обезбедени најмногу пари од Планот за раст за Западен Балкан

Од последна, Македонија стана лидер по спроведените реформи. Премиерот Мицкоски задоволен од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од последна, Македонија стана лидер по спроведените реформи. Премиерот Мицкоски задоволен од најновата тура одобрени средства од Планот за раст за Западен Балкан според кои земјава добива најмногу пари или 65,7 милиони евра. Тој вели дека уште од стартот на мандатот на оваа Влада се фатиле сериозно за работа. Тоа резултирало со лидерска позиција во однос на реформската агенда во јануари, што според него, ќе биде потврдено и во следниот извештај на крајот на јуни. Планот е да се издејствуваат неколку стотици милиони евра финансии од Унијата.

„Имаме интензивна комуникација со г-динот Гертијан Копман, работиме сите портвоилија во рамките на владата и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и сега после јунскиот извештај и оние 30-тина, 31 милион кои нсе дирекна буџетска поддршка на крајот на годината да се приближиме до бројката 100 дирекна буџетска поддршка“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

И покрај тоа што Македонија зема најголем дел од колачот од планот за раст и дури 20 милиони евра повеќе од Албанија и Црна Гора, лидерот на СДСМ Филипче критикува дека владата не сработила ништо. Тој тврди дека државава  изгубила над 200 милиони евра од ЕУ, поради неспроведени реформи.

Реклама

„Ако ние имаме простор да заработиме над 200 милиони евра да добиеме од Европската Унија, а сме добиле само 60, воопшто не е битно дали некоја друга земја има повеќе или помалку од нас. Вистинскиот чекор напред се вика уставни измени. Тоа треба да се случи во земјава“ – вели Венко Филипче – претседател на СДСМ.

На Филипче, но и на сите оние кои критикуваат, премиерот им порача дека ќе посведочат на успесите на Владата во поглед на реформите. Исто како што се повлекле после изјавата на известувачот Вајц, Мицкоски прогнозира дека така ќе биде и овојпат.

„Се сеќавате како ликуваа кога излезе, за нив омилените бугарски медиуми, она интервју на известувачот Вајц, па потоа никаде ги нема тие глодари да излезат и да го коментираат интервјуто на господинот Вајц, кога јасно кажа дека има реформи коишто впрочем со овој извештај и Европската комисија го потврди. Се сеќавате ни велеа ќе доаѓал бран на мигранти, еве дојде мај месец, ќе помине и мај месец, они велеа од април, па нема ни мигрант, односно мигрант како резултат на оној договор со Обединетото Кралство. Се сеќавате минатата година водеа кампања само што не сме банкротирале, а ние денеска велиме дека и покрај сите предизвици во светот и во Европа, имаме успеси во македонската економија. И според растот на бруто домашниот производ сме во првите три, во првите пет во Европа, колку тоа и да наиде на потсмев кај одредени структури коишто јас ги нарекувам талог на ова општество“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Според вицепремиерот Беким Сали, тоа што Македонија обезбеди 65,7 милиони евра преку Планот за раст поради постигнатите реформи не е случајно. Тој вели дека овој успех е резултат на координирана работа на институциите, на посветеноста на администрацијата, на политичката одговорност и на решеноста реформите да не останат само на хартија, рече тој и најави дека земјава влегува во нова фаза. 

„Во третиот извештаен период државата пријави 21 реализиран реформски чекор, од кои 16 се позитивно оценети, а три чекори се реализирани пред предвидениот рок“ – вели Беким Сали – Вицепремиер и министер за европски прашања.

Македонија ги доби парите поради реформите за подобрување на финансирањето на основното и средното образование, мерките за проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ опрема во училиштата. Од предвидените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека преостанатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.