Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Литија со моштите на Свети Георгиј Победоносец во Струга

Моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона во торжествена литија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона во торжествена литија денеска, по 17-ти пат од возобновувањето, ќе ја осветат Струга.

Дебарско-кичевската епархија информира дека моштите на светителот од манастирот во Рајчица, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат.

По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски Георгиј, заедно со митрополитот Тетовско – гостиварски Јосиф и свештенството од Дебарско-кичевската епархија, Литијата ќе тргне од дворот на црквата „Свети Георгиј“.

Реклама

Со традиционалните торжества, како што информира отец Васко Голабоски, но и новини ќе помине низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црковниот двор. Поворката, појасни, ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

Одделението за внатрешни работи – Струга ги презеде сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на струшката Литија, што утре од 15 до 19 часот ќе се одржи во чест на празникот „Свети Георги

– Поворката ќе ја најави звукот на клепалото. Следува ред од млади облечени во стихари, кои ќе носат црковни рипиди и бајраци. По нив следува чудотворната икона на Свети Великомаченик Георгиј од истиомениот храм во Струга носена од четворица угледни граѓани. Редот ќе продолжи со благочестиви граѓани облечени во свечени стихари со развиорени црковни знаменија. Следува Градскиот дувачки оркестар на Град Скопје и оркестарот на државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец“ од Струга, торжествено интонирајќи ги празничните химни. Традиционално покането е во поворката учество да земе целото монаштво на манастирите од епархијата и целата наша Македонска православна црква, изјави Голабоски.

Новина годинава, додаде тој, е збогатувањето на литијата со членовите на културно уметничките друштва „Илинден“ од Струга и „Дримкол“ од Вевчани, облечени во локални народни носии, по што во празнични одежди ќе се движи свештенството и архиереите, по кои доаѓа раскошно украсениот цветен епитаф со чесните мошти на „Свети Георгиј“. По нив доаѓаат мноштвото верници.

– Оваа година посебност е што литијата ќе добие хуманитарен карактер, собраните средства ќе бидат наменети за лица на кои им е потребна помош.

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот ќе биде приредена културно уметничка програма.