Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно возење

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Како што соопшти МВР, од овие 14 возачи осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол. Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.