Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Лимани: Новата градинка во Тетово е целосно завршена, стручен кадар е обезбеден и наскоро ќе започне со згрижување на деца

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами денеска го посетија новиот објект „Рилиндја“ при Јавната установа „Младост“, Општина  Тетово, со цел увид на активностите пред неговото отворање.

При посетата се установи дека, градинката е целосно завршена и наскоро децата од ова населено место ќе имаат можност овде да ги поминуваат нивните детски денови.

Отворањето на градинката ќе овозможи влез на нови 165 деца на возраст до 6 години, во предучилишниот процес.

Реклама

Изградбата е финансирана преку Годишната акциска програма „Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика“ за 2017 година со вкупен буџет од околу 805.000 евра, од кои Европската Унија финансира околу 705.000 евра и кофинансира државата од националниот буџет од околу 100.000 евра .

За нејзино нормално функционирање, обезбедени се и вработувања за 29 лица.

Обраќајќи се пред присутните, министерот Лимани истакна дека со изгласување на измените на законот за заштита на децата се откочи и процесот за полагање на лиценци за стручен кадар во градинките. Како и дека, наскоро ќе започне и процесот на полагање на испитите, а со тоа ќе се овозможи и влез на стручен кадар во градинките каде што е потребен.

„Наша цел, а истовремено и  одговорност е да обезбедиме квалитетен ран раст и развој на децата и на тоа посветено работиме. Секое дете заслужува да посетува градинка и да се стекне со предучилишно воспитание и образование кое ќе придонесе за негов понатамошен развој. Продолжуваме да работиме на намалување на листите на чекање на децата за упис во градинките, изградба на градинки каде што има потреба, и вработување на стручен кадар во истите,“ порача Лимани.