Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално ги потпиша договорите за грант за развој на социјални услуги со девет општини, од вкупно 26 одобрени апликации.

Доделувањето на грантовите е во рамки на третиот јавен повик од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој се реализира со поддршка од Светската банка.

На свечениот настан, министерот истакна дека овој повик е продолжение на заложбите за изградба на инклузивен и одржлив систем на социјална заштита, насочен кон потребите на граѓаните во локалните заедници.

Реклама

Во рамки на настанот беа потпишани договори со општините: Гевгелија, Охрид, Шуто Оризари, Арачиново, Карпош, Могила, Новаци, Ресен и Старо Нагоричани за воспоставување нови социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, дневен за стари лица со активно стареење и дневен центар за лица со попреченост со индивидуален третман.

Претходно, преку првите два јавни повика беа поддржани 34 проекти во 43 општини, со вклучување на над 460 негуватели, а над 1.600 граѓани веќе користат услуги поддржани од овој проект.

– Овие проекти не само што обезбедуваат грижа за најранливите, туку ја отвораат и можноста за економска и социјална активација на лица кои досега биле изолирани од пазарот на трудот – долгорочно невработени, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани родители, рече министерот.

Проектот за подобрување на социјалните услуги е дел од системскиот процес на децентрализација и плурализација на социјалната заштита, каде општините имаат сè по централна улога во креирањето и спроведувањето услуги според реалните потреби на нивните граѓани.

Министерството најави континуитет на поддршка за сите локални самоуправи и даватели на услуги кои покажуваат иницијатива и капацитет за развој на услуги што ќе обезбедат повисок квалитет на живот за граѓаните низ целата држава.