Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Левичарот ја слави десницата: Филипче се израдува како тој да го победил Орбан- „на ред се Вучиќ и Мицкоски“

Левичарот Венко Филипче ја слави десницата, како тој да победил во Унграија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левичарот Венко Филипче ја слави десницата, како тој да победил во Унграија, иако сестринската партија на СДСМ, Демократска коалиција, освои само 1,18 проценти од гласовите и не добија ниту едно пратеничко место. Од Бихаќка ја слават победата на Петер Маѓар и неговата ТИСА, што е и помалку чудно, бидејќи иделошки имаат целосно различни политички гледишта.

Уште при објавувањето на првичните резултати, Филипче побрза со објава на социјалната мрежа Х, каде покрај со Унгарија реши повторно да се занимава со политичките состојби во соседна Србија, односно дека следен што ќе паднел од власт бил Александар Вучиќ.

-Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме.Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски, напиша Филипче.

Реклама

Во сличен стил на својот лидер и партискиот ПР на СДСМ. Славејќи ја победата на партија со која немаат никаква поврзаност, повторно решија да се пресметуваат и со медиуми, чија уредувачка политика не им се допаѓа.

-Скоро 40% од медиумскиот простор во Македонија е под директна контрола на луѓе на Орбан. Преку своите блиски бизнисмени (Петер Шац и Агнеш Адамик) Орбан купи и контролира огромен број медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. Тие се пропагандна машина во Македонија, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека со ваквите политики, СДСМ целосно ги промашиле своите приоритети, а тие се наместо да се мешаат во избори во друга држава, да се обидат да ја стабилизираат својата партија. Од владејачката партија тврдат дека за социјалдемократите да застанат на здрави нозе, потребно е целосно оградување од поранешниот лидер Зоран Заев.

-Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Победата на Маѓар во Унгарија, ја слават и политичари во соседна Бугарија. Во прв ред Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови. Тој се надева со новата власт во Будимпешта, ќе биде преиспитана политиката за поддршка кон Македонија, за која вели дека е  антибугарска реторика.

Матеја Петровски