Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Лесно е кога си во опозиција – мерки можат да се вадат од ракав, без разлика дали се реални или не

На власт – дебакл. Во опозиција – херои полни со мерки и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На власт – дебакл. Во опозиција – херои полни со мерки и идеи. Како некој се справува со криза во држвата се гледа во пракса, а не на прес-кофенции. Опопзициската СДСМ, од почетокот на нафтената криза речиси сејдневно држи конференции за јавноста критикувајќи ја власта и нудејќи свој сет мерки, а како да заборавија дека истата паритија , однсно тие додека беа  на власт доживеаа целосен дебакл за време на дев големи кризи – ковидот и војната во Украина.

Кој како се справува во криза најлесно се гледа во пракса. Многу е полесно да се критикува од позиција на опозиција, но кај нас често критикуваат токму оние кои со години биле на власт, а во нивниот период не покажале функционални резултати. Ако се навратиме на ковид-кризата, ќе видиме дека справувањето не било успешно и оставило долгорочни последици и врз буџетот и врз економијата.

Токму корона кризата останува како најсилен потсетник за работењето или неработењето на тогашната власт, а во низата не изостануваат ни модуларната болница во која луѓе изгореа живи, дражва која по комшии молеше за вакцини, и милионски договори со фирми од Хонг Конг што наместо медицина, тргувале со јужно овошје.

Реклама

Дел од аналитичарите велат – барем сега се нудат решенија од Владата. Идеи има и од опозицијата, но во јавноста останува перцепцијата дека токму тие, кога беа на власт, оставија тешки последици со начинот на кој ја менаџираа кризата.

Наједноставен пример кој како се справва со кризи покажуваат бројките.

Во 2022 кога СДСМ беа на власт со минималец се купуваа 141 литар дизел – денес 264. Со просечна плата – од 277 литри, сега над 500.

Сега се анализираат состојбите внимателно и се носат мерки кои барем ја ублажуваат ситуацијата. И покрај глобалната криза, цените на горивата кај нас се пониски од регионот. Намалувањето на ДДВ е олеснување за граѓаните, иако прави притисок врз буџетот. Критиката е легитимна, но во услови на криза потребни се реални и изводливи решенија.

Аналитичарот Ристевски вели дека во време на криза не е доволно да се нудат идеи и мерки, туку тие мора да бидат реални, изводливи и одржливи. Според него, вистинската разлика се гледа на терен – дали мерките даваат резултат и дали ја стабилизираат состојбата. Затоа, како што посочува, политиките не треба да се водат од желби и дневна реторика, туку од конкретни решенија што нема да направат дополнителна штета на економијата и функционирањето на државата.