Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано соопштение до медиумите, оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза.

– Оваа недела Советот на јавните обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на Јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети што таргетираат висока корупција и криминал. Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е Обвинителство што работи надвор од политички влијанија, ги штити своите
професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција. Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да дејствувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител – вели Ристоска во пишаното соопштение. 

Нагласува дека јавнообвинителската функција секогаш ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и, пред сè, животот на граѓаните.

Реклама

– Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи што најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели – такви што ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на разни нивоа, институционални и лични. Во текот на годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување законски решенија, чување предмети во фиока и застарување предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството, без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците врз мојата кариера – посочува Ристоска.

Сите тие напори, додава, сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност кон влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе бидат јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.