Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Лекарската комора го чека извештајот за смртта на 14-месечното бебе, јавноста очекува одговорност

Лекарската комора се’ уште го чека изврштајот на стручната комисија за починатото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарската комора се’ уште го чека изврштајот на стручната комисија за починатото 14-месечно бебе. Во наодот се констатирани низ пропусти на лекарите при третманот на детето и тоа во две здравствени установи – Детската клиника и болницата во Козле. Министерот тврди дека ќе има одговорност за случајот, но мерките ги остава во рацете на Лекарската комора. Од таму велат дека ќе одлучат како ќе постапат, откако ќе имаат увид во извештајот.

“Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина”, потенцираат од Лекарската комора.

Од “Козле” демантираат дека имаат вината. Велат дека докторите направиле се во нивна моќ детето да се спаси. Но и признаа дека немаат опрема за интубирање.

Реклама

Инаку, вчера Таравари го презентираше извештајот на стручната комисија за смртта на 14 меечното бебе. Таму е констатирано дека лекари од Детската клиника не ја процениле тежината на состојбата за да го хоспитализираат детето од Гошинце вториот пат кога било донесено во установата на 3 октомври, а  утредента во “Козле” немале респиратор за да му укажат помош на девојчето додека да биде префрлено повторно на Детска каде починало кратко по приемот пред 10 дена. Дополнително, било изгубено време и за организирање на медицинскиот транспорт од Козле на Клинички. Тие потенцираат дека за случајот освен стручни и технички постојат и системски пропусти, односно непостоење на протоколи и алгоритми за тријажа на пациенти при прием.