Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Лефков: За да можат да крадат, СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија на патот кон ЕУ

„СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„СДС и ДУИ првин ја заглавија Македонија на патот кон ЕУ, а сега глумат големи душегрижници. СДС и ДУИ се проблемот, и тие во никој случај не можат да најдат, ниту дадат решение за истиот“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лошите политики на СДС и ДУИ изминатиов период пропратени со криминал и корупција ја забетонираа државата на дното, за да останат ден повеќе на власт лажеа со месеци и ветуваа работи кои не зависат од нив, ниту пак можеле да ги реализираат. И СДС и ДУИ свесно ја заглавиле Македонија, за да можат да крадат. Излегоа на површина сите нивни сценарија, од заробеното судство и обвинителство, преку криминалните тендери, се само со цел лично богатење на поединци. И сега кога се целосно демаскирани се обидоа на база на манипулации да креираат дестабилизација, што нема да успее. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од таа на СДС и ДУИ работи одговорно и посветено во насока на раст и развој и членство на земјата во ЕУ. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ“, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.