Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето

Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година. Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација.

До година преку МЗШВ продолжуваат активностите за рехабилитација и  модернизација на системите за наводнување, проширување на постоечките и  изградба на нови системи за наводнување.

Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на   водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и  ХМС Равен – Речица, Полог.

Реклама

Се предвидува рехабилитација и изградба на четири  системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско,  ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар.

Со поголема достапност на вода за наводнување до земјоделците, го правиме земјоделското производство поконкурентно и порентабилно.

Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за подобро земјоделие и враќање на достоинството на земјоделецот.