Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Демагошката програма полна со флоскули на Филипче не му го носи посакуваниот ефект, што може да се види и по последните анкети, па затоа се впушта во романса со Бугарија сметајќи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Демагошката програма полна со флоскули на Филипче не му го носи посакуваниот ефект, што може да се види и по последните анкети, па затоа се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните.

Иако над 80тина проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не е чекорот кон ЕУ и оваа отстапка не треба да се прави без гаранции, сепак Филипче и лојалистите на Заев во врхушката на СДСМ уште утре ќе ги потпишат бугарските барања.

Реклама

Поданичката политика на Филипче и СДСМ кон Бугарија и Радев не оди на добро на државата, а уште помалку на Филипче. Ако продолжи Филипче со понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, уште повеќе ќе се маргинализира.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси, а со тоа и желбата на граѓаните кои даваат огромна поддршка на владејачката коалиција.