Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Лефков: Политиките на СДСM со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика

Политиките на СДСM со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиките на СДСM со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика. Политиките на СДСM со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДСM, Заев и Филипче им ја отвори вратата да дојдат, да се вдомат и да водат бизниси.

По некое време, едниот е осуден на 15 години затвор, другиот седи на обвинителна клупа. Само вакви криминални ликови успеваа во времето на СДСM, на Заев и Филипче.

Реклама

Ваквите лоши политики кои не се во интерес на Македонија, на СДСM им зададоа сериозен удар, како на национално, така и на интернационално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ води политика која е базирана на договори со ЕУ, и држави како САД и Велика Британија. Само на тој начин ќе успееме да го зачуваме интегритетот и достоинството на државата.

Прашање: Вчера Филипче рече дека не го познава Борче Марковски, кој е вашиот став?

Одговор: Истиот тој Филипче велеше дека нема златна виза, па испадна дека има, велеше дека не го знае газдата на фирмата на која беа запленети околу 30 тони дрога, па испадна кампања воделе заедно, велеше дека нема станови и удел во бизнисот на Заев, па имавме сведоштва на блиски луѓе на Заев кои велат дека ги виделе објектите, се сомневаме дека на крај ќе испадне дека сепак се знаеле. Секој криминал, корупција или индиции за криминал и за висока корупција крајната точка оди до Заев и до Филипче!

Прашање: Во јавноста излегоа вести и фотографии на документ во кој се вели дека првиот претседател на Македонија Киро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името. Како ги коментирате овие случувања, кој е вашиот став по ова прашање?

Одговор: Ова е навистина едно значајно прашање кое  отвора прашање и за друг случај, а тоа е следното. Ако Киро Глигоров, како поранешен претседател, одбил 100 милиони долари за промена на името, колку Заев и Филипче имаат земено за промената на името Македонија? Тоа е прашањето кое што се наметнува по овој случај.

И тоа е сосем легитимно прашање кое треба јавно да биде одговорено од ова дуо, бидејќи како прво, станува збор за прашање од важност за државата и за граѓаните, и како второ, ако земале пари, тоа се пари кои што се земени од нелегални активности и треба да се одговара за истото.

Да потсетиме дека овие двајца се врзуваат со згради во Дубаи,со индиски авиокомпании, со фирми на Балканот, јахти и така натаму. Дали парите им се заработени од продажбата на името на Македонија се трошат на ваков начин  и за колку пари го продале ако го сториле истото?

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага од надлежните институции за ова најголемо национално предавство.