Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Лефков: ДЗР со сомнеж за објективноста на финансиските трансакции во МЗШВ во време на СДС И ДУИ и вработувања на нестручен кадар

Владата на СДС и ДУИ во целост работела незаконски и криминално. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на СДС и ДУИ во целост работела незаконски и криминално. Ова не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ ова го кажува и Државниот завод за ревизија, и тоа во извештај изготвен во време на СДС и ДУИ, а по кој ЈО не постапило, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој нагласи дека Извештајот од Ревизијата на ДЗР за МЗШВ изразува сомнеж за вистинитоста и објективноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

„Имено според Извештајот на ДЗР постои неусогласеност на потребните вработувања во Планот за вработување и ангажираните лица, како и недостиг на стручен кадар од областите во делокруг на Министерството.

Реклама

Ова е показател дека Љупчо Дон Николовски го партизирал министерството, и наместо преку конкурс да се бираат најстручните кадри и од струките од кои има потреба министерството, е вршена тешка партизација и полнење на МЗШВ со партиски послушници.

МЗШВ како министерство кое треба да извршува стручни анализи, да креира политики и носи мерки од областа на земјоделството, производство на храна, грижа за водите и шумите, очигледно најмалку имало стручни лица од овие области.

Се поставува прашањето што правело ЈО по однос на овој Извештај, особено ако се земе предвид дека истиот е изготвен и доставен до Владата уште во 2023 година. Зошто една цела година ЈО молчи и не постапува? До кога молк?“ вели Лефков.