Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Лефков: ДКСК со одлука – Немало ништо незаконски во патувањето на синот на Претседателот Мицкоски во САД, СДС фатена во лага

Лагите и бедната и ниска кампања на СДСМ и нивните мегафони конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите и бедната и ниска кампања на СДСМ и нивните мегафони конечно го доби заслужениот одговор и доказ дека има причина за тоа што се наоѓаат таму каде што се наоѓаат, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред фактите и боговите молчат и на лагата и се кратки нозете, се две реченици кои поентираат во еден ваков случај. Но, не можеме да кажеме дека целосно не радува што вистината, иако со задоцнување, сепак излезе на виделина. Впрочем, тоа нема да ги надокнади нервозите и стресовите кои забеганоста на СДС ги произведе врз дете кое е недолжно, само во обид за добивање ситни поени, за теми во недостаток на суштински теми.

Да им кажеме засрамете се и извинете се, знаеме дека нема да го сторат тоа затоа што тоа е тој ментален склоп на тие луѓе во врвот на таа партија. Ние ќе сме најсреќни ако СДС се реформира и ја промени матрицата на измамништво и лажење.

Реклама

Но, народот гледа и се му е јасно и оваа можеби мала, но значајна победа на вистината над нивните лаги, е доказ дека сепак Македонија може подобро од нив и дека чесноста и отчетноста на премиерот се добар пример како треба и мора да се однесува еден политичар. Како што за ова излезе вистината на виделина, така ќе излезе и за многу други работи.

Допрва доаѓа нивното соочување со вистината и соочување на народот со тоа кои луѓе владееле со оваа земја минатите седум години. 6% рејтинг им се дури и многу како се однесуваат, и нивното вакво однесување кое е продолжение на нивното владеење од седум години, за жал, освен нивен проблем станува сериозен проблем за државата, рече Лефков.