Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Лафчиски во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска до 13 мај ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија.

За време на посетата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во рамки на посетата предвидена е и средба со министерот за одбрана, Ермал Нуфи.

Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон унапредување на билатералната воена соработка, размена на искуства, зајакнување на регионалната и колективната безбедност и стабилност, како и меѓусебна соработка при справување со кризи.

Реклама

Во текот на посетата, генералот Лафчиски ќе го посети и Полкот за специјални операции на Вооружените сили на Република Албанија, каде ќе присуствува на демонстрација на дел од нивните способности.

Посетата на македонската армиска делегација претставува потврда за одличната соработка и партнерските односи помеѓу двете армии, како и заедничката посветеност кон придонес во колективната безбедност во рамки на НАТО.