Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лабудовиќ: Плоштад Феникс, новото срце на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен како плоштад на заедништвото, инспирацијата и животот.

Проектот, кој го најави кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ, има за цел да создаде ново урбано и културно јадро што ќе ги поврзе луѓето и ќе ја врати гордоста на живеењето во Центар, се вели во соопштениет оод ЗНАМ од изјавата на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Центар.

„Време е Центар да добие симбол кој ќе ги обедини сите. Го најавувам проектот Феникс – Плоштад на заедништвото! Нов, модерен и зелен простор што ќе биде симбол на новата надеж и иднината. Плоштад кој ќе ја раскаже приказната за Центар и центарци.“ – изјави Лабудовиќ.

Реклама

Новиот плоштад е осмислен како современ јавен простор каде ќе се среќаваат културата, уметноста и секојдневниот живот. Тој ќе биде место каде луѓето ќе се собираат, ќе слушаат музика, ќе гледаат уметнички изложби, ќе се дружат и ќе го чувствуваат духот на заедништвото што отсекогаш ја красело оваа општина.

Проектот „Феникс“ ќе никне во склоп на новата општинска зграда која ќе биде пример за еколошка, енергетски ефикасна и современа архитектура. Просторот ќе опфати подземен паркинг, уметничка галерија, прв детски креативен центар и бројни јавни содржини наменети за граѓаните, со цел Центар повторно да стане вистинско место за живеење, создавање и уживање.

„Феникс нема да биде само нов плоштад – тој ќе биде симбол на препородот на Центар. Со него, градиме место каде што културата, уметноста и заедништвото ќе живеат секој ден. Центар повторно ќе дише, ќе биде жив, модерен и горд.“ – додаде Лабудовиќ.

Со оваа иницијатива, Центар добива повеќе од инфраструктурен проект – добива визија. Визија за град што се развива со идеја, се гради со почит кон луѓето и се движи напред со љубов кон својата заедница.

Плоштад Феникс е замислен како новото срце на Скопје – место што обединува, инспирира и потсетува дека Центар секогаш бил и ќе остане просторот каде што се раѓа духот на градот.