Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кумановската подружница на „Македонски шуми“ произведе садници за пошумување низ државата

Околу 500.000 садници биле произведени лани во Кумановска подружница на Македонски шуми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 500.000 садници биле произведени лани во Кумановска подружница на Македонски шуми, а ист број се планира и годинава, соопштија од подружницата на денешната прес-конференција. Дел од произведените садници биле распределени во други подружници, а значаен дел бил искористен за пошумување.

Раководителката на кумановската подружница на „Национални шуми“ Куманово, Катица Станковска Ристовска посочи дека расадниците во Куманово и во Свети Николе традиционално се меѓу најголемите во рамки на јавното претпријатие, со најобемно производство и дополнителна обврска да обезбедуваат садници за пошумување во други региони.

Во изминатата година подружницата активно учествувала во меѓународен проект за санација на ерозивно подрачје над браната Липково, каде што биле пошумени околу 56 хектари. Акцијата била реализирана со вработените на кумановската подружница.

Реклама

– Успешно го завршивме проектот и добивме одлични оценки од надворешни субјекти-изјави Катица Ристовска-Станковска, раководител на подружницата.

За тековната година се предвидени подготовки за есенско пошумување на опожарени површини во реонот на селото Стрезовце. Паралелно, ќе се спроведуваат и контроли на претходно засадените садници за да се утврди нивната долгорочна успешност.

-Првичните проценки покажуваат околу 90 проценти успешност, но потребно е време за да се утврди реалниот опстанок на садниците-посочи Ристовска-Станковска.

И покрај одредени подобрувања, како воведување автоматско наводнување, процесот на контејнерско производство на садници сè уште во голем дел се одвива рачно. Постојат машини што можат значително да го забрзаат процесот и да го подобрат квалитетот на садниците.

– Се надеваме дека во наредниот период ќе се преземат чекори за модернизација-нагласи раководителката.

Експертите потенцираат дека природната обнова на шумите трае 50 до 100 години, па пошумувањето со автохтони садници е клучна мерка за намалување на ерозијата и ублажување на последиците од климатските промени.