Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Куманово: Несовени граѓани палат диви депонии, опасност од пожари

Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа. Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари.

ТППЕ Куманово гаселе пожар и на запалена сува трева на улицата „Народна Револуција“ и во населбата „Средорек“ каде бил запалена сува трева и смет.

Кумановци реагираат дека на оваа локација несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.

Реклама

– Во текот на годината често, во последно време речиси секојдневно интервенираме на таа локација од „Стари Лозја“ до надвозникот пред влезот на населбата „Перо Чичо“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Според истражувањата изработени во рамки на проект, дефинирани се шест извори на загадување согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.