Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија од општина Куманово денеска ги повика кумановци да се пријават за општинската награда која се доделува по повод 11 Ноември, Денот на ослободување на Куманово.
– Општината Куманово и годинава, ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области- информираа од општина Куманово.

Според Одлуката, наградата се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Авторот на делото треба да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да е од Општината Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за Општината Куманово.
Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци. Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма треба се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 – ви октомври годинава.

