Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници

Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници. Во организација на градскиот шаховски клуб „Куманово“, од 29 мај до денеска се одржува четиридневен шаховски турнир. – За прв пат годинава се одржа „Куманово Опен“ на кој учествуваа 120 шахисти од 12 држави, во недела се одржа и турнир за деца до десет […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници. Во организација на градскиот шаховски клуб „Куманово“, од 29 мај до денеска се одржува четиридневен шаховски турнир.

– За прв пат годинава се одржа „Куманово Опен“ на кој учествуваа 120 шахисти од 12 држави, во недела се одржа и турнир за деца до десет години како и „блиц турнир“ во чест на покојниот мајстор, Драги Димитриевски-изјави претседателот на клубот, Сања Трајковска.

Турнирот се одржува во „Грација“ каде се сместени 300 лица. Денеска и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката ан советот го посетија турнирот и поскаа успех на натпреварувачите.

Реклама

Меѓународниот турнир во стандарден шах, дава посебно значење на развојот на оваа игра во градот, претставува нов чекор и инспирација за генерациите, кои допрва почнуваат да се натпреваруваат. Учествуваат шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, Турција, Германија, Швајцарија, Полска и Шведска. На спортскиот настан се одиграа шаховските дисциплини: Турнир А – Опен 2250 со 112 натпреварувачи, Турнир Б – U 10 (родени 2026 година и помлади) со 39 учесници, според швајцарски систем и се одиграа седум кола. Турнирот е организиран според рејтингот на FIDE – Интернационалната шаховска федерација. На најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени пехари, медали и специјални награди.