Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кумановци преку анкета ги определуваат приоритетите во општинскиот буџет

Општина Куманово преку јавна анкета достапна за сите ја активира можноста граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово преку јавна анкета достапна за сите ја активира можноста граѓаните директно да учествуваат во креирањето на општинските политики и во одредувањето на приоритетите за трошење на буџетските средства, информираа денеска надлежните. Порази изборниот процес, општина Куманово не можеше да организира буџетски форуми како претходните години. Преку прашалникот, граѓаните можат да ги наведат најитните потреби во нивната средина, да предложат проекти и да укажат на инфраструктурни, социјални или комунални приоритети што сметаат дека треба да се финансираат. Анкетата е достапна на веб страницата на општината и на социјалните мрежи на општина Куманово.

Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, посочи дека анкетата е клучен инструмент за зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт:

– Посебно ми е драго што Општина Куманово работи на зголемување на транспарентноста и отчетноста — тоа е еден од најважните сегменти во градењето на интегритетот на една општина. Во услови на изборен период кога не можевме да спроведеме форуми за граѓанскиот буџет, се одлучивме за јавна анкета, модел кој покажа резултати и претходните години. Ваквиот модел овозможува секој граѓанин да даде повеќе предлози и да влијае врз одлуките кои се однесуваат на изгледот и развојот на градот, изјави Сларидис-Јаневска.

Реклама

Таа потсетува дека дел од граѓанските предлози веќе се реализирани, со претходните планирани буџети како што е пробивање на улицата од дел од булеварот „Октомвриска револуција“, реконструкција на улици во населбата Проевце, интервенции во Ајдучка Чешма. Реализацијата на овие проекти покажува дека анкетата не е формална алатка, туку реален механизам преку кој граѓанските идеи се претвораат во конкретни инфраструктурни решенија.

Имаме голема заинтересираност од граѓаните, а ги охрабрувам сите да се вклучат и да дадат свој придонес во креирањето на граѓанскиот буџет, додава Сларидис Јаневска.

Анкетата овозможува подобро планирање на буџетот, базирано на реални потреби, зголемена контрола од страна на јавноста врз трошењето на средствата, инклузивност, бидејќи ги опфаќа и селските средини кои често се помалку слушнати, подобра идентификација на приоритети, бидејќи општината добива податоци од терен, директно од граѓаните. Анкетата е активна до 7 декември годинава.