Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Кумановци до крај на годината ќе ја користат мерката бесплатен превоз

Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на последната седница. Мерката субвенциониран превоз кој опфаќа 26 линии ќе продолжи до крајот на декември 2025 година.

-Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така што прецизно е пресметано по број на поаѓање, односно утврдениот возен ред којшто го потпишува градоначалникот. Кога ќе се помножат изминати километри по релација и по број на поаѓање се доаѓа до цифра од 6,5 милиони денари за месец декември како и 650.000 мислам за овој меѓуопштински превоз помеѓу Куманово и Старо Нагоричане, рече раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.

Одлуката беше изгласана со мнозинство советници. Опозицијата  смета дека мерката е прескапа, во интерес на само дел од кумановци, предлагајќи мерките да важат за учениците и ранливите категории граѓани. Дел од советниците побараа и формирање на јавно претпријатие, некои и набавка на електрични автобуси. Надлежните потврдија дека општината аплицирала на повик на Владата за набавка на 25 електрични автобуси, што би требало да донесе долгорочно решение за јавниот превоз и да го намали товарот врз буџетот.

Реклама

Од Општина Куманово потенцираат дека субвенционираниот превоз е социјална и еколошка мерка која има повеќекратни позитивни ефекти. Со мерката како што укажуваат се намалуваат трошоците во семејните буџети, се редуцира сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и има придонес кон намалување на аерозагадувањето. Дополнително се наведува дека мерката најмногу им користи на жителите од приградските населби, кои во спротивно би имале значителен трошок за дневно патување. И граѓаните имаат различни коментари, додека едните ја поддржуваат, други реагираат дека има пренатрупаност на одредени линии, недоволна фреквенција на автобуси, злоупотреба од страна на поединци кои се возат без реална потреба, незадоволство кај ученици и работници поради недоволниот капацитет во одредени термини.