Реклама
Прилози

Куќен притвор за екс директорите на Онкологија

Куќен притвор за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи кои се обвинети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куќен притвор за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи кои се обвинети за злоупотреба со скапа терапија и тешки дела против здравјето на луѓето. Скопскиот кривичен одлучи дека доволно е поранешните медицински и организациски директор да бидат во домашен притвор, а им продолжуваат и мерките определени во истрагата. 

„Против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор,  а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1  т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ велат од Основен кривичен суд Скопје.

Обвинителството бараше ефективен притвор за двајцата директори Васев и Нухи. Според нив, постојат големи сомнежи дека двајцата обвинети во случајот за финансиските злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти, би се дале во бегство поради запретените високи затворски казни што им следуваат по докажувањето на вина од страна на обвинителството. За обвинителството, аргумент за определување мерка притвор беше и милионската штета која ја направиле на државниот буџет. 

Реклама

Обвинителството поднесе две обвиненија за Онкологија.  Во првиот случај,  се опафатени економските малцверзации на Клиниката. Васев и Нухи се обвинети за продолжени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама во службата и Проневера во службата. Во второто обвинение, се товарат  4 лекари заедно со Васев, дека им давале терапија на пациентите, а знаеле дека немаат никаква корист од неа и дополнително го влошувале нивното здравје, на дел пак им препишувале терапија која воопшто и не ја примале. Штетата на државата се проценува околу 36 милиони евра, а имотната корист со која се стекнале е над 7 милиони евра.