Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

Крушево ќе добие нови полетувалишта за светските параглајдеристи

По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона ќе добие уште две полетувалишта на местото Црн Врв. Во фаза на имплементација е нов проект за прекугранична соработка во истото партнерство со општина Елбасан, Албанија како претходниот кој заврши. Проектот е насловен „Крушево и Елбасан – патување и авантура“. Со постојните 2000 метри квадратни, сега Крушево ќе добие уште толку што ќе одговори на сѐ поголемите потреби на параглајдеристите од светот. 

-Во рамките на овој проект градиме ново полетувалиште на местото Црн Врв. Тој центар за полетување ќе се состои од две полетувалишта, секое со површинна од 1000 метри квадратни, опфаќајќи два нови стартови. Тоа значи дека придонесуваме значително кон подобрување на инфраструктурата која е основа за развој на праглајдингот во Крушево. Нашата намера е овие полетувалишта да бидат готови до август кога се европското и светското јуниорско првенство во параглајдинг. Сакаме за време на тие настани да ги промовираме резултатите од овој проект. Капацитетот на постојното полетувалиште беше пополнет. Во време на одржувањето на професионалните натпревари, слободните параглајдеристи беа скратени за простор за полетување. На овој начин го прошируваме капацитетот за параглајдинг двојно, објаснува Татијана Хасану, раководител на одделението за локален економски развој во Општина Крушево.

Новиот проект за прекугранична соработка со Елбасан од Албанија е 830 000 евра, финансисран од ЕУ и се инвестиции кои речиси подеднакво се распределени од двете страни. Со претходниот проект од околу 730 000 ера со Елбасан, Албанија, меѓу другото беше обновено постојното полетувалиште на Мечкин Камен.

Реклама

-Истовремено, ќе извршиме уредување на Спортско-рекреативниот центар на Гумење со изградба на нов рекреативен парк, со цел и таа зона, Крушевското езеро, за повеќе да се збогати и таа содржина, место кое нуди извонредни услови за престојувањево текот на летниот период – вели Хасану.

Крушево подготвува и проект за прекугранична соработка со Грција. Засега е во фаза на изготвување техничка документација. Станува збор за воспоставување интегрирано управување со отпадот во Крушево и почеток на примарна и на секундарна селекција, бидејќи чиста животна околина е предуслов за развој на туризмот. Техничката документација што се подготвува е за изградба на Центар за селекција на отпадот, па потоа да се аплицира. 

Крушевскиот градоначалник Нико Чонески вели дека сезоната на параглајдерските летови и доаѓањето на спортистите од цел свет почнува кон крајот на месецов и почетокот на јуни.

-Параглајдингот ни е многу битен за развојот на туризмот во Крушево кој е меѓу посакуваните светски дестинации со одлични услови. Очекуваме богата сезона, а новите полетувалишта многу ќе придонесат за тоа, вели Чонески.