Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево

„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“.  

– Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува фреквенциите на обете рути уште од зимската сезона и направи прелиминарни намалувања и за претстојната зима. Понатамошни прилагодувања остануваат можни – се вели во објавата.

Според претходните објави, „Кроација ерлајнс“ во претстојниот квартал  откажува 900 лета поради драстичното зголемување на цените на млазното гориво што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај. 

Реклама

Како што објави претходно „Екс ју авијација“, од 1 јуни „Луфтханза“ прекинува со летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години работење. Нуди алтернативни рути до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски минатата недела изјави дека во следниот период ќе има 5 нови авиолинии.

–  „Аустрија ерлајнс“ ќе лета директно Виена – Охрид, во јуни почнуваат дестинациите од Краков и од Вроцлав во Полска до Охрид, како и Палермо – Сицилија и Алгеро – Сардинија до скопскиот аеродром, така што отвораме 5 нови рути во најголемата криза што ѝ се случила на авиоиндустријата кога било видена – изјави Николоски, информирајќи дека откако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“ се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании.