Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Кривична за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

Седум  години ветуваа нов и современ објект за на крај да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум  години ветуваа нов и современ објект за на крај да го претворат во руина, пеплосана во пожар. Универзалната сала во Скопје стана жртва на односот на поранешната власт, за што веќе има и конкретна реакција од надлежните. Кривична пријава за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Сточјевска за злопотреба на службената положба во случајот со преземањето на ингеренциите од Град Скопје за реконструкција на Универзалната Сала.

-Иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од над 115 милиони денари,, стои во соопштението на МВР.

Мвр ја товари Стојчевска, дека спротивно на законот, продолжила да работи според договорот кој претходно бил потпишан помеѓу Град Скопје и фирмата – изведувач, иако тој истекол на 4-ти август минатата година. Наместо да спроведе нов тендер, Стојчевска, врз основа не неважечки договор, исплатила околу 27 милиони денари, или 440 илади евра кон компанијата.

Реклама

Согласно тој договор, министерството за култура ги презело истите права,  обврски, и вредноста на проектот од претходно истечениот договор,и започнала со процедура за реконструкција на Универзална. Реконструкцијата на објектот ја започна екс градоначалникот Петре Шилегов во 2021 година, а неговата наследничка Данела Арсовска го стопираше целиот проект со објаснување дека е небезбеден.

Инаку владеачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Костадиновска-Стојчевска за уште една злоупотреба на службена положба и според владеачката партија таа со службена картичка од министерството за култура купувала мечиња, куфери, ракавици, маици од брендирани производители.

Даниел Ѓорѓевски