Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кривична против неготинец, осомничен дека без документација изградил објекти и вршел угостителска дејност

– ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел угостителска дејност. При извршен инспекциски надзор, било констатирано дека објектите биле изградени без решенија за поставување и одобренија за градба – информираа од СВР – Велес.