Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кривична пријава за полициски началник од Кочани, поминувал патарина без да плати

Кочанскиот шериф јурел по патарините покажувајќи само легитимација. 45-годишниот началник во МВР,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочанскиот шериф јурел по патарините покажувајќи само легитимација. 45-годишниот началник во МВР, Александар Максимов од Кочани, во јули годинава повеќе пати со приватна кола поминувал на Кадрифаково и Преод без да плати патарина, покажувајќи ја само службената легитимација. Со кривичната пријава која му ја поднесе МВР, има и видео материјал како Максимов си ја злоупотребил служената положба.Министерот Тошковски порачува дека вавкво однесување повеќе нема да се толерира.  

  • „Срамно, постапките да се злоупотреби службена положба и овластување на ваков начин се навистина срамни. Ако може еден столар да плаќа патарина, ако може жена која што работи во било која приватна установа да плаќа патарина, ако може кој било македонски граѓанин да плаќа патарина, мора да плаќа и секој еден вработен во МВР. И не го ценам ова, во насока еве сега ако неможеш по самарот удри по магарето, туку на ваков начин мора да покажеме пример дека секој еден од нас мора да почитува закони, а тоа е да плаќа патарини“ одговори министерот Панче Тошковски.

Тошковски уверува дека МВР ќе расчисти со секаков криминал и непочитување на законите особено со злоупотребите од полициски службеници. 

  • „Колку и да станува збор дека се бориме со ситен криминал, мислам дека пред се треба да покажеме дека се бориме со сето она што е значајно за нашите граѓани а тоа во секој случај е да го почитуваме законот. Оваа кривична пријава е во насока на сето она што сакаме да го покажеме а тоа е дека навистина се трудиме да се избориме со сите оние злоупотреби кои што ги имало во институциите многу долг временски период наназад. Ако сме се договориле дека треба да плаќаме патарина, треба да плаќаме патарина“ рече Тошковски.

Ова не е прва кривична од МВР за неплаќање патарина од вработени во полицијата. 18 државни службеници, од кои 12 полициски, беа фатени како без да платат патарина се возале дури 959 пати на автопатот Куманово – Миладиновци.