Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Kривична пријава за „несовесно работење во службата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавената на 10.05.2024 во 14.26 часот на шалтерот на МВР во технички преглед во Куманово, без да ја запази процедурата за продолжување на регистрација на возило, извршила продолжување на регистрација и издала сообраќајна дозвола за товарно моторно возило, кое истиот ден во 13 часот било сопрено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово и со потврда за привремено одземени предмети било одземено поради истечена важност на сообраќајната дозвола од 28.12.2022 година.

Пријавената извршила продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и промена на регистарски ознаки на товарното моторно возило и покрај тоа што возилото не ги поминало потребните проверки за исправност во станицата за технички преглед, затоа што претходно било одземено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово, со што на лице од Куманово му овозможила да се стекне со продолжување на сообраќајната дозвола спротивно на прописите за регистрација на моторни возила, воедно доведувајќи го и во поволна позиција во врска со понатамошниот исход од прекршочната постапка пред надлежен орган по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен сообраќаен прекршок поради управување на возило со помината важност на сообраќајната дозвола, информира МВР.

Реклама

Пријавената постапила несовесно и во делот на евидентирање на горенаведените дејствија со тоа што неуредно ги водела службените евиденции и списи, што резултирало со тоа да го снема службеното досие за продолжување и промена на сообраќајната дозвола за предметното возило. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место- суспензија до завршување на дисциплинската постапка.